Внимателност при зборувањето на мобилен телефон кога сте во странство бидејќи по враќање од одмор можете да бидете шокирани од сметката. Вакво предупредување упатува директорот на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), Роберт Орданоски кој најавува дека пред почетокот на сезоната на годишните одмори АЕК презема серија активности за информирање на граѓаните внимателно да ја користат роаминг услугата. Ваквата акција ја спроведуваме бидејќи голем дел од корисниците кога се во роаминг се соочуваат со проблеми во поглед на изборот на соодветен странски оператор, мрежно покривање, висина на цените за повик, СМС, интернет што на крајот резултира со екстремно високи цени.
Внимателност при зборувањето на мобилен телефон кога сте во странство бидејќи по враќање од одмор можете да бидете шокирани од сметката.
Вакво предупредување упатува директорот на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), Роберт Орданоски кој најавува дека пред почетокот на сезоната на годишните одмори АЕК презема серија активности за информирање на граѓаните внимателно да ја користат роаминг услугата.
- Ваквата акција ја спроведуваме бидејќи голем дел од корисниците кога се во роаминг се соочуваат со проблеми во поглед на изборот на соодветен странски оператор, мрежно покривање, висина на цените за повик, СМС, интернет што на крајот резултира со екстремно високи цени - вели Орданоски.
За таа цел на веб страната на АЕК ќе бидат поставени сите потребни информации за оние граѓани кои ќе патуваат во странство и планираат да ја користат оваа услуга.
АЕК веќе покрена иницијатива за изнаоѓање начин како земјите кои се кандидати за членство во ЕУ да можат да бидат вклучени во регулацијата на роаминг на Европската комисија, што ќе доведе до поволни услови за користење на услугата роаминг од страна на македонските граѓани. Покрај Македонија во иницијативното тело се и другите осум држави кои не се членки на ЕУ: Турција, Хрватска, Србија, Црна Гора, Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија. ЕК до септември треба да даде дефинитивен одговор на регионалната иницијатива за изедначување на цената за роаминг тарифите на земјите што не се членки на ЕУ со тие што се членки.
Орданоски вели дека со новите големопродажни цени за терминација на повици во мобилната телефонија, кои се во сила веќе една недела, разликата меѓу ВИП и ОНЕ во делот на терминација на цени е анулирана. Двата оператора имаат еднаква цена од четири денари и се асиметрични со цената на Т - Мобиле кој има дефинирана цена на три денари. Од септември наредната година за сите три мобилни оператори ќе важи симетрична цена од 1,20 денари, а од септември 2014 година ќе важи симетрична цена од 0,90 денари.
- Целта е да се создаде клима која би рефлектирала со намалени малопродажни цени за крајните корисници и еднакви цени за повиците кон мрежата на било кој оператор со што граѓаните не би морале да користат по три СИМ картички за повици во различни мрежи - вели Орданоски.
Преку промена на правилниците, Орданоски најавува оти АЕК ќе го реши проблемот со префрлање на мрежата на граѓаните на мрежите на странките оператори.
- Такви проблеми претежно има во пограничните зони, но има случаи на префрлање на мрежата и во градските подрачја. Најкритични се Скопје, Охрид и Дебар. Се планира на операторите да им се наложи меѓу другото при продажба на мобилните апарати да има задолжително подесување на мануелно барање мрежа, но и да има задолжителни пораки ако настане префрлање во друга мрежа. Со вакви активности ќе се погрижиме операторите да ги зајакнат своите мрежи - посочи Орданоски.
АЕК најавува и новина со која ќе ги обврзе мобилните оператори да им овозможат на родителите кога купуваат мобилни за децата, однапред во договорот да постават ограничувања за висината на сметките, како и кон бирање броеви со посебна вредност. Во интернетот родителите ќе можат да го ограничат пристапот кон определени сајтови за кои ќе проценат дека се несоодветни за нив.